Со денешното давање на свечената заклетва започнувам ново професионално поглавје како претседател на Државната изборна комисија, со целосна посветеност кон одговорностите и обврските што ги носи оваа јавна служба.
Во мандатот што претстои, Државната изборна комисија ќе продолжи да биде столб на изборниот процес, обезбедувајќи неговата законитост, транспарентност и непристрасност. Нашата обврска е да го развиваме капацитетот на стручната служба, да ја зголемиме довербата кај граѓаните и да го зајакнеме угледот на институцијата како гарант на демократските вредности и изборните стандарди.
Благодарност до пратениците за укажаната доверба и до политичката партија што ја поддржа мојата кандидатура за претседател на Државната изборна комисија.
Честитки и до колегите, старо-новите членови на Државната изборна комисија за новиот мандат, со кои верувам дека заеднички ќе дадеме придонес со професионален и посветен пристап, а во интерес на граѓаните и унапредување на демократските принципи и стандарди.
Работата на Државната изборна комисија нека донесе успех и демократски развој за целото општество.
Извор: Фејсбук

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи