БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерството за енергетика, институциите и донаторите ги синхронизираат приоритетите за транзиција кон чиста енергија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со јасна цел за забрзување на енергетската транзиција и зголемување на координацијата со меѓународните партнери, денес се одржа Пленарниот состанок на Секторската работна група за енергетика, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

На настанот учествуваа претставници од клучните енергетски институции, донаторската заедница, меѓународни финансиски институции и развојни партнери, кои ги разгледаа постигнатите резултати и идните насоки за реализација на заедничките стратешки цели.

„Градиме енергетски систем кој нуди стабилност, доверба и одржливост. Новиот Закон за енергетика, праведната транзиција и инвестициските активности во обновливи извори се клучни алатки со кои го трансформираме нашиот енергетски сектор.“ истакна министерката Сања Божиновска во своето обраќање.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Таа подвлече дека веќе се финализирани неколку договори со KfW, ЕБОР и ЕИБ за инвестиции во соларни и ветерни централи и мрежна инфраструктура, а во тек е и подготовка на нови закони за обновливи извори и енергетска ефикасност.

Министерката истакна дека новиот Закон за енергетика, кој неодамна беше усвоен во Собранието, претставува системски столб за натамошниот развој на секторот. Со овој закон се обезбедува стабилна, транспарентна и предвидлива регулатива за домашните и странските инвеститори, се зајакнуваат капацитетите на регулаторните и операторските тела, и се создаваат услови за интеграција со европските енергетски пазари. Законот е целосно усогласен со европската легислатива и ја потврдува посветеноста на земјата кон Реформската агенда за Западен Балкан.

Присутните учесници на состанокот го поздравија донесувањето на новиот закон, оценувајќи го како клучна основа за понатамошно унапредување на енергетската транзиција, како и за подобро управување со обновливите извори, пазарната либерализација и регионалното поврзување.

Во рамки на состанокот беа претставени и напредните проекти од страна на АД ЕСМ, насочени кон искористување на сончевата, ветерната и хидро енергија, со фокус на зелени вештини и одржливи работни места. Од страна на МЕПСО, беа презентирани активности за модернизација на преносната мрежа, дигитализација, сајбер-безбедност и зајакнување на инфраструктурата.

„Работиме со јасна визија и ограничени ресурси – но со континуирана посветеност да ја модернизираме нашата енергетска мрежа и нашите енергетски капацитети во служба на иднината.“ истакна Божиновска.

На состанокот беа презентирани и деталите од спроведувањето на Годишниот план за праведна транзиција, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на активна вклученост на сите страни во процесот на декарбонизација, енергетска безбедност и економски раст на земјата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace