По повод осум децениското постоење на Државниот завод за статистика на Република Македонија денеска во Скопје се одржа настан за одбележување на овој значаен јубилеј за оваа значајна државна институција.
На настанот свој поздравен говор имаше и Премиерот Христијан Мицкоски кој што ја истакна својата благодарност за значајната улога која оваа државна институција ја игра во Македонското општество.
“Со посебна чест и чувство на одговорност, денес го одбележуваме големиот јубилеј, осум децении од основањето на Државниот завод за статистика.
Овие 80 години не се само историја, тие се традиција на професионализам, кредибилитет и јавна служба, кои претставуваат темел на демократскиот и институционален развој на нашата држава. Денес можеме со гордост да констатираме дека македонската статистика е во голем дел усогласена со европската статистичка практика и со меѓународните стандарди. Податоците произведени од Државниот завод за статистика се официјални, висококвалитетни и меѓународно споредливи, што ја издвојува оваа институција како клучен извор на информации во Македонија.
Владата континуирано ја поддржува статистиката и тоа не само како административна функција, туку како стратешки ресурс за развој и напредок. Преку усвојување на Националната стратегија за развој на статистичкиот систем, преку финансиска стабилност, вложување во ИТ инфраструктура, човечки ресурси, како и преку соработка со европските институции, ние создаваме услови Државниот завод за статистика да остане независен, модерен и професионален.”
-рече меѓу другото премиероот Мицкоски во својот поздравен говор.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина