БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Намалување на царината за увоз на 67 стоки кои се користат во домашната индустрија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на тематска прес конференција од Владата на Република Македонија Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска ја информираше јавноста за измените во стапките на царинските давачки кои што државата ги прибира за различни стоки кои се увезуваат во Македонија.

Владата на последната седница усвои предлог закон за измени и дополнувања на законот за царинска тарифа со што се врши намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија. Предлогот е веќе испратен на усвојување во Собранието со цел пониски царински стапки да почнат да се применуваат од 1-ви јули 2025-та година.

Станува збор за стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во нашите индустриски капацитети, особено во секторите на автомобилска, металопреработувачка индустрија, металургија и енергетика, односно оделни производи потребни за производство на високофинални производи со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија. Од 1-ви јули со измените се врши намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите постојни царински стапки и царинските стапки за тие стоки во ЕУ. Ако царинската стапка на одредена стока кај нас изнесува 20%, а во ЕУ изнесува 10%, по 1-ви јули царинската стапка за конкретниот тарифен број би била 15%.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Истовремено со измените пристапуваме кон целосно усогласување со царинската стапка што се применува во ЕУ за литиум-јонските батерии за складирање на електричната енергија во секторот енергетика. Од 1-ви јули царинската стапка за нив од 15% ја намалуваме на 2,7%, со што директно помагаме во енергетскиот сектор.

Измените кои се предложени, посочи министерката, се со цел да се зголеми конкурентноста на домашните компании кои извезуваат на странските пазари, да се зголеми македонскиот извоз, како и да се обезбеди зголемен девизен прилив.

-Притоа ваквите мерки кои водат до намалување на трошоците на компаниите ќе имаат и ефекти врз зголемување на инвестициите и бројот на вработените што е и приоритет на оваа влада, а во насока на остварување на повисоки стапки на економски раст,”

-информираше денес министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace