Денес Друштвото на писателите на Македонија и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип потпишаа меморандум за соработка, со цел воспоставување подлабока културната размена помеѓу двете институции. Меморандумот го потпишаа Проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска, деканка на ФЛФ УГД и Живко Грозданоски, претседател на ДПМ. Некои од конкретните цели на Меморандумот се размена на знаења и искуства, отворање можност за реализација пракса на студенти од УГД во ДПМ, како и организација на настани од областите од заеднички интерес, пред сè од областа на книжевноста.
Меморандум за соработка меѓу Друштвото на писателите на Македонија со Филолошкиот факултет при УГД

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово