БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Митко Костадиновски е новото освежување со кандидатура за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука за кандидирање на Митко Костадиновски за да ја трча трката за избор на Градиначалник на Виница на претстојните локални избори.

По 4 годишниот мандат на Миле Петков владеачката партија одлучи дека е потребно освежување на најважната локална функција во Виница за да продолжи интензивниот развој ма оваа општина во Брегалничкот регион согласно наметнатото силно темпо од страна на Владата.

“Началникот на Шумската Полиција на Република Македонија и претседател на ОК Виница, Митко Костадиновски е кандидат за Градоначалник на Општина Виница од редовите на ВМРО ДПМНЕ!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како актуелен началник на Шумската полиција на РМ го подигна нивото на професионалност и довербата во оваа институција со многуте организирани контроли и акции на територијата на целата држава и бескомпромисната борба со шумската мафија.

Митко Костадиновски исто така во два мандати беше и советник во Советот на Општина Виница со што има искуство и познавање во работењето на локалната самоуправа.

Како претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Виница во периодот од 2017 до 2025 година го предводеше истиот во 5 убедливи изборни победи по ред во Виница (2 парламентарни, 2 претседателски и 1 локални избори).

Митко Костадиновски е човекот кој ќе продолжи со водење на локалната самоуправа на чесен, домаќински и одговорен начин со реализација на уште поголем број на проекти за Општина Виница со поддршка на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски.”

-информираа од ВМРО-ДПМНЕ ОК ВИНИЦА.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace