На 14.09.2025 во 17:25 часот во трговски комплекс на ул.„Климент Охридски“ во Битола, во заедничка и координирана акција на Основното јавно обвинителство Битола и на СВР Битола, од слобода е лишен Д.Г.(42) од Битола поради сомнение за извршено кривично дело „изнуда” казниво по член 258 од Кривичниот законик.
Тој се сомничи дека во текот на 2024 и на 2025 година во повеќе наврати со закани барал пари од лице од Битола за различни услуги и потреби. По преземени мерки и активности, тој е затекнат при примање на пари од лицето, по што е лишен од слобода и приведен. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!