Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека спиралата на раст на цените на сите производи веќе е започната и тешко може да се стопира. Филипче посочи дека владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети.
„Сметам дека веќе циклусот, спиралата на раст на цените започна и тешко нешто сега може да го стопира.Треба многу радикални мерки да направи владата. Денеска на собраниската седница е на пример нашиот предлог Закон да се намали ДДВ-то на храната, на основните прехранбени продукти. Нека го намалат на нула проценти. Така ќе почуствуваат нешто граѓаните“, рече Филипче.
Воедно, Филипче додаде дека од оваа криза најпогодени се ранливите категории граѓани на кои владата мора да им даде поддршка.
„Нека дадат мерки, нека дадат пакети, финансиски пакети за одредени категории граѓани, за најзагрозените. Социјалните случаи, семејства со многу деца, пензионери, студенти, нека им помогне владата. Еве ако сме трета економија во Европа, нека излезе нека им помогне. Еве, ако се табелите на премиерот, што во неговиот свет во којшто живее се вистина, тогаш нека им помогне на граѓаните“, рече Филипче.
Притоа, Филипче нагласи дека постои сериозен јаз меѓу реалноста со која се соочуваат граѓаните и перцепцијата на власта.
„Сметам дека владата, владините функционери, власта, живее во паралелен свет. Во тој свет, таа реалност не е на граѓаните. Одите на пазарите и ќе ви ја кажат луѓето вистината како живеат. Им треба помош, финансиска“, рече Филипче.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните