Поранешниот градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов преку социјалните мрежи го сподели своето искуство во врска со воведувањето на новиот јавен превоз преку набавка на нови електрични автобуси.ж
Акцентот на неговото сооптение во јавноста е ставен на заштедата која што ја овозможуваат овие електрични превозни сретства.
“Кога ја воведовме идејата за електричен јавен превоз во Струмица, многумина ја гледаа како нешто ново и можеби непотребно. Денес, со новото поскапување на горивата, најдобро е таа одлука да се погледне низ едноставни бројки.
Цената на дизелот во Македонија веројатно ќе биде околу 85,5 денари по литар.
Просечен градски автобус троши околу 38 литри дизел на 100 километри.
Тоа значи дека трошокот за гориво е околу 3.249 денари на 100 километри, односно околу 32,5 денари по километар.
Електричен автобус троши приближно 1,3 kWh електрична енергија по километар.
Ако цената на струјата за институции се пресмета околу 9 денари по kWh, тогаш трошокот за електричен автобус е околу 11,7 денари по километар.
Разликата е многу јасна.
Дизел автобус околу 32,5 денари по километар.
Електричен автобус околу 11,7 денари по километар.
Тоа значи дека електричниот автобус денес е речиси три пати поевтин за движење.
Ако земеме реален пример. Еден градски автобус кој ќе помине 200 километри во текот на еден ден.
Со дизел тоа значи околу 6.500 денари трошок за гориво.
Со електричен автобус трошокот за струја е околу 2.340 денари.
Разликата е повеќе од 4.000 денари дневно по автобус.
Ова е пресметка само за енергијата по километар. Електричните автобуси имаат и помали сервисни трошоци затоа што немаат менувач, турбини, издувен систем и моторни масла.
Кога бројките се стават на маса, станува јасно дека електричниот јавен превоз не е само еколошко решение, туку и економски рационална одлука.
Од
за Струмица”
-напиша на социјалните мрежи Костадин Костадинов- поранешен градоначалмник на Струмица


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ