Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски продолжува со воспоставувањето на нови стандарди за чествување и афирмација на традицијата и културните идентитетски вредности на народот во Делчево околу реката Брегалница во подножјето на планините Голак, Средна и Влаина.
Со својот тим во општина Делчево Градоначалникот Гоцевски макотрпно работи на сериозно унапредување на културата во функција на локалниот економски развој на општината пред се на валоризација на вистинската вредност на локалната традиција и култура во локални, регионални и меѓународни граници а паралелно на тоа нејзино воспоставување на одржливи економски основи кои што гарантираат развој и соодветен достоинствен сјај за наредниот период.
Токму поради тие цели градоначалникот Гоцевски и општинската администрација за првпат во историјата на чествувањето на празникот Св. Богојавление Водици воведуваат нови содржини и активности кои што даваат нов силен општествен белег и нова енергија на одбележувањето на овој голем христијански празник.
Градоначалникот Гоцевски со своја порака упатена преку социјалните мрежи ги повика сите граѓани да се придружат на чествувањето на големиот христијански празник во понеделникот кој што е неработен ден:
“Водици е празникот на верата, заедништвото и надежта длабоко вкоренет во нашата свест и идентитет. Со цел достоинствено и со почит кон традицијата, се подготвуваме за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици. Тоа е еден од најубавите христијански празници и празник кој го носи значењето на светата тајна на крштевањето, како еден од столбовите на христијанството.
По тој повод, Општина Делчево на 19 јануари, в понеделник, организира низа настани кои ќе се етаблираат како традиционални и ќе бидат дел од туристичката понуда на Делчево. Во оваа прилика испраќам отворена покана до сите граѓани да присуствуваат и достоинствено да го одбележат овој голем празник.
Изразувам благодарност до општествено одговорните компании ЗЕГИН И ММЦ Прогрес за партнерството, отворената поддршка и збогатувањето на оваа наша убава традиција.”
-напиша на социјалните мрежи во врска со овој настан градоначалникот на општи на Делчево Иван Гоцевски.
Во продолжение ја пренесуваме целосната агенда за понеделник 19.01.2025 година според која ќе се реализира чествувањето на празникот Водици:
Агенда
8.30 – Света литургија во градската црква „Успение на пресвета Богородица“;
– 11.00 – Осветување на водите на река Брегалница (Мост на река Брегалница во централното градско подрачје);
– 11.30 – Мал музички хепенинг;
– 12.15 – Прием во кабинет на Градоначалник на општина Делчево – Иван Гоцевски;
– Обраќање на градоначалникот пред присутните гости;
– Дискусија во врска со потенцијалите за развој на Делчево;
– 13.30 – Изјави за медиумите;
– 14.00 – Неформална средба;
Втор дел од дискусија
(Ресторан Царевоселски)
– Доделување промотивен материјал за Општина Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (Втор дел: Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци- Монументални фрески на ктиторите на црквата)
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (Прв дел: Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена во село Разловци- Епицентар на изразен духивно-просветителски живот)
МВР пронајде марихиуана кај 34 годишен жител на Виница. Поднесена кривична пријава