БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Меѓународен турнир во карате „63 Ангели“ – во чест на жртвите од пожарот во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Карате клубот „Партизан“ од Кочани иницира организирање на меѓународен турнир во карате, во чест на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во Кочани. По тој повод, денеска претставници на клубот остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој изрази целосна поддршка за иницијативата.

Според првичните најави, меѓународниот турнир ќе се одржи на 28 февруари и ќе го носи симболичниот назив „63 Ангели“. Настанот ќе има хуманитарен карактер, а средствата собрани од котизацијата на учесниците ќе бидат наменети за лекување на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“.

Се очекува на турнирот во карате да учествуваат екипи од земјите од Балканот и од Европа, што ќе му даде меѓународна димензија на настанот и ќе ја пренесе пораката за солидарност и заедништво надвор од границите на државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалникот Владко Грозданов истакна дека ваквите иницијативи се од особено значење за градот и за семејствата погодени од трагедијата.

– Ова е силен и достоинствен начин да се оддаде почит на оние што ги загубија животите и истовремено да им се помогне на повредените. Општина Кочани ќе даде поддршка на турнирот „63 Ангели“, кој носи порака на хуманост, спортски дух и заедништво – соопшти Грозданов.Организаторите најавуваат дека во наредниот период ќе бидат објавени дополнителни информации за програмата и за учеството на екипите.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace