Наместо да биде историски проект за граѓаните на Мaкедонија, реализацијата на проектот за изградба на Коридорите 8 и 10А станува историски грабеж кој ја турка државата во должничко ропство. Со вакви квалификации денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го започна одговорот на нивинарско прашање од настан за промоција на книга.
“Ова не е историски проект, ова е историска пљачка и должничко ропство во кое Владата на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер на СДСМ ја турка Македонија. Тоа е многу важно. Тоа треба да го знаат сите, бидејќи оние милијарда и триста евра нема да бидат милијарда и триста, туку многу лесно ќе дојдат можеби и повеќе од двојно. Зошто? Затоа што ние во текот на вчерашниот ден кажавме дека преку свиркачи добивме верзија на договорот за која тие тврдат дека е верзијата потпишана од Владата со компаниите изведувачи и тука ја користиме оваа прилика да кажам ние со ова немаме апсолутно ништо против компаниите кои успеале вака да сработат еден договор со Владата. Ние имаме проблем со Владата на ДУИ поддржана од СДСМ која ја става Македонија во подредена улога“, изјави Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации