По повод завршувањето на проектот „Месеци на практикантство“, денеска 16 септември 2026 година во просториите на оопштина Гази Баба со почеток во 12.00 часот ќе се одржи настан за одбележување на “Месеци на практикантството”. На завршниот настан, ќе се обратат:
- Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба
- Даниела Димовска, директорка на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА
Во рамки на настанот ќе се одржи разговор со студентите кои ја реализираа практичната работа во своите матични општини, како дел од иницијативата реализирана во соработка со ИНОВА и Министерството за локална самоуправа.
Преку практикантството, студентите имаа можност да стекнат директно работно искуство, да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа и да ги применат своите знаења во реална работна средина.
На завршниот настан ќе бидат споделени нивните искуства и впечатоци, како и значењето на практикантството за нивниот професионален развој и идното вклучување на младите во локалната заедница.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!