“Пренесени жедни преку вода” е можеби најсоодветната изрека за ергелата која што учествуваше во креирањето на шарениот хаос со кој што СДСМ беше донесен на власт во државата!
И не!
Не е наивност неукост и незнаење во прашање, туку горчина, завист и комплекс на ниска вредност која што ја имаа сите квази револуционери кои што пред лицето на историјата на најдивјачки начин го фарбаа Скопје. Голем дел од инспираторите на ваквата шарена револуција со која што се влезе во сценариот за разнебитување на Македонија, беа дебело платени со народни пари за своите револуционерни залсуги. Но огромното мнозинство од оние кловнови кои што циркузантски скокаа за некаква правда во замена на мир во предвечерието на општествената апокалипса која следуваше останаа со прстот во уста. И ден денес несакајки да поверуваат во “ремек” делото на нивните револуционерни испади.
Општата дефрагментација на општествените слоеви поделени по разно-разни основи стимулирани од странски центри на моќ е една од основните причини за беспатјето по кое е тргната Македонската држава. Братоубиствените војни во историјата на Македонскиот народ се резултат на таа дефрагментација а на ова тло најопасни се пресметките по идеолошка линија. И со ваквите тези доаѓаме до коренот на сите неприлики кои што историски (судбински) го снајдуваат овој народ.
Пандан за излез од тој магичен круг на несреќи е прво и единствено обединување низ толеранција на народот против коренот на сите зла.
Секој еден што ќе пропагира поделби работи директно во интерес на продолжување на таа историска несреќа која го дефинира патот на секој еден поединец на овие простори.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена