Пристигнуваат информации дека постои можност да биде блокиран датумот за преговори за Република Македонија со Европската Унија, односно, да не ни биде дозволено да се одделиме од групата со Албанија во која се наоѓаме. Италија, која со Албанија има стратешки односи, односи за кои може да се каже дека се и историски, инсистира и Албанија да добие датум за преговори. И тој однос е сосема легитимен.
Од друга страна, останатите земји членки се речиси едногласни дека за Албанија нема датум. И така се влегува во ќорсокак во кој ние сме жртвата. Прашањето е, кој ја стави Македонија во група со Албанија? Кој ја врза земјава на неприроден начин со западниот сосед знаејќи дека Албанија заостанува далеку зад нас во овие процеси?
За потсетување, ВМРО ДПМНЕ со време алармираше за овој катастрофален чекор на македонските власти, но тогаш бевме обвинети дека зборуваме за научна фантастика и дека со таа реакција некого “дискриминираме”. Што би се рекло, нашата желба за интеграција во ЕУ за некој била дискриминаторска и… да не употребам потежог збор кој ни беше упатен.
Кој го кочи сега прогресот на Република Македонија кон Европската Унија, дали е тоа ВМРО ДПМНЕ која алармираше со време за последиците од вештачкото групирање со Албанија или власта која, од само нејзе познати причини, го става на коцка напредокот на еден цел народ?
Во оваа борба за своите стратешки позиции и пријатели жртва ќе биде само Македонија која скапо ќе ги плаќа погрешните политики и договори.
Став на Никола Србов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции
JO: Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“ меѓу кои и претседателка на ДКСК
Вицепремиерот Николоски оствари средба со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Обединетото Кралство