БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Носење на вистински граѓански Буџет: Предлог-Буџетот на општина Делчево ставен на увид на сите граѓани, уште еднаш пред да биде донесен

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски воведе уште една нова мерка за зголемена јавност и транспарентност при донесувањето на најважниот документ од суштинска важност на сите граѓани на Делчево-Буџетот за работа на општинската самоуправа за 2026 година.

Во многу краток временски период по локалните избори Градоначалникот Гоцевски посвети многу енергија и работа за спроведување на максимално транспарентен и инклузивен процес за донесување на Буџетот за работа на општината за наредната 2026 година со серија системски механизми за суштинско партиципативно учество на сите граѓани преку Месните и Урбаните заедници, граѓанските организации, Буџетскиот форум, Бизнис секторот, прибирање на директни иницијативи, предлози и идеи од сите граѓани и интензивната соработка со дијаспората и другите нивоа на власт. Преку ваквиот максимално инклузивен процес секој заинтересиран граѓанин можеше да учествува во креирањето на Буџетот на општината, а за реализацијата од кабинетот на градоначалникот најавуваат исто така новитети за ефективно информирање за текот на имплементацијата на сите ветени проекти и секој потрошен денар.

По изготвување на предлог- буџетот за работа на општина Делчево за наредната 2026 година сега за првпат по барање на градоначалникот Гоцевски истиот е ставен на јавен увид за целокупната јавност пред да биде разгледуван на наредната седница на Советот на општина Делчево која е закажана за 30 декември, така што граѓаните повторно можат да дадат свој придонес за подобрување на документот во интерес на сите граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Ја реализираме нашата базична програмска определба за максимална буџетска транспарентност и ефикасна имплементација на приоритетните проекти за подобрување на живеењето во општина Делчево. Во насока за остварување на максимална транспарентност и јавност во работата на општина Делчево а со цел за овозможување на што поголема доверба на граѓаните кон локалната самоуправа, денес го објавуваме Предлог-Буџетот за работа на општина Делчево кој што ќе биде точка на дневен ред за донесување на наредната седница на Советот на Општина Делчево која ќе се одржи на 30.12.2025 со почеток во08:00 часот во Мултифункционалниот центар на Општина Делчево. На тој начин како продолжение на сите досегашни активности и мерки кои што беа преземени од моја страна како Градоначалник на Општина Делчево, додаваме уште еден нов механизам за подобрување на јавноста во процесот за донесувањето на вистински граѓански буџет на Општина Делчево, кој што во рамки на своите можности ќе овозможи максимален учинок и реализација на проекти за подобрување на стандардот на сите граѓани во Делчево. Во Буџетот за работа на Општина Делчево за наредната 2026 година, се вградени:

– Приоритетните проекти истакнати како потреба на граѓаните во рамки на Буџетскиот форум,

– Потребите на граѓаните искажани директно кон мене како градоначалник во рамки на моите секојдневни средби со граѓаните,

– Проектите предвидени во програмата која доби најголема доверба од граѓаните на последните локални избори,

– Иницијативите, идеите и потребите на стопанството кои произлегоа од мојата постојана комуникација со претставниците на приватниот сектор,

– Функционалните и развојните програми на нашите граѓански организации и секоја конструктивна идеја на секој граѓанин во нашата општина.

Целокупната јавност има право да знае каде се трошат нивните финансиски средства одвоени од Буџетот на граѓаните и како на најефикасен начин истите треба да бидат распределени во Буџетот на општината за 2026 година. Упатувам искрена благодарност за сите граѓани но и службениците во општинската администрација кои зедоа активно учество во процесот за креирање на Буџетот за работа на општина Делчево за наредната година.

Предлог Буџет на Општина Делчево за 2026 година

-информираат од Општина Делчево преку општинскиот интернет портал.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace