После децении макотрпна работа, голем број иницијативи и залагања, дојде ден кога идејата на Тошо Филиповски и армија љубители на Рок мизиката во Македонија се најде во агендата на највисоко ниво во државата во фокусот на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
“Во моментов ја разгледувам можноста дел од НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани да биде прилагоден во Музеј на рок-музиката. Станува збор за иницијатива која би овозможила создавање простор за истражување, архивирање и промовирање на македонската рок-сцена.
Тошо Филиповски повеќе од 30 години е активен и страствен собирач на музички артефакти, изданија и информации за македонската рок-сцена. Во последните 10 години тој интензивно ја промовира идејата за отворање на рок-музеј, односно центар посветен на македонската рок-музика.
Министерството за култура и туризам ќе даде важно место на оваа иницијатива, препознавајќи ја нејзината културна вредност и значењето за зачувување и афирмација на македонската рок-историја и современото културно наследство.”
-напиша на социјалните мрежи Зоран Љутков-Министер за култура и туризам во Македонската влада


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week