ДЕЛЧЕВО ДОБИВА КОМПЛЕТНО НОВА СПОРТСКА САЛА ВО 2026 ГОДИНА!
Со големо задоволство можам да најавам дека Делчево во 2026 година ќе добие комплетно нова и современа спортска сала, проект кој има огромно значење за спортот, младите и целата наша општина.
Овој значаен чекор е овозможен благодарение на поддршката од Владата предводена од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски, на кои искрено им благодарам за посветеноста и разбирањето на потребите на Делчево.
Денес, заедно со вредните и стручни екипи од Министерството за спорт и Општина Делчево, извршивме увид во постоечката сала која цели 24 години се наоѓа во навистина лоша, недостојна состојба.
На лице место разговаравме за сите детали, потребни информации и чекори кои следуваат со цел целосна реконструкција и создавање на функционален, безбеден и модерен спортски објект.
Ова не е само инвестиција во објект, туку инвестиција во иднината на нашите деца, спортисти и спортски клубови.
Делчево заслужува услови за спорт какви што имаат и другите градови, и чекор по чекор тоа го остваруваме.
Продолжуваме посветено да работиме за подобар, помодерен и поразвиен град. Оваа Влада докажува дека е вистински пријател на спортот и младите.
-извор: Иван Гоцевски-Градоначалник на Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи