Македонската Претседателка Гордана Сиљановска Давкова заедно со Премиерот на Република Македонија придружувани од Министерот за транспорт Александар Николоски, Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заеедно со Градоначалникот на Охрид присуствуваа на вечерната Божествена литургија по повод Велигден во Црквата Св, Богородица Перивлепта во Охрид.
Од Македонкиот Ерусалим, лулката на сесловенската писменост и духовност Претседателката Сиљановска Давкова ја упати сл. порака преку социјалните мрежи:
“Во возвишената атмосфера на црквата Св. Богородица Перивлепта, под светлината на свеќите и со молитви во срцата, го дочекавме Христовото воскресение, со смирение и духовна радост.
Како стожер на верата, Христовото воскресение, кај секој христијанин веќе два милениума е симбол на животот и ги крепи нашата верба и надеж, инспирирајќи нè да ја негуваме духовностa и да даруваме љубов секому и секаде.
Фактот што токму годинава сите христијани го прославуваат Велигден на ист датум нека биде поттик за сплотеност како кај нас, така и во целиот свет.
Верувам дека вдахновени од големиот празник ќе најдеме енергија и сила да се соочиме со сите предизвици и искушенија, покажувајќи солидарност и заедништво.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија