Околината на некогашниот хотел „Турист“, која подолг период беше запуштена, обрасната со вегетација и нечиста, е целосно расчистена. Општина Кочани реализираше акција за уредување и чистење на овој простор со цел подобрување на јавната хигиена на овој простор.
Во рамки на активностите беше отстранета самоникнатата вегетација, собран и изнесен насобраниот отпад, а просторот е исчистен и приведен во уредна состојба. Со оваа интервенција се спречува појава на дива депонија и на потенцијални здравствени ризици.
За жителите од овој дел на градот подобрено е и јавното осветлување.
Општина Кочани апелира до граѓаните за совесно и одговорно однесување, со почитување на правилата за јавна чистота и хигиена. Секој поединец има улога во зачувувањето на уредна и здрава животна средина, а заедничката грижа е предуслов за чист и достоинствен град.
Акциите за расчистување и уредување на јавните површини ќе продолжат и во наредниот период, како дел од континуираните напори на Општина Кочани за подобрување на квалитетот на живеење.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Физички напад во угостителски објект во Штип
Пукал со воздушна пушка при што предизвкал општа опасност во Берово
Повредено лице извршувајки работни задачи во фирма во Пехчево