Денеска во Скопје се одржа Прес конференција за најава на Маршот на гордоста кој ќе се одржи во сабота на 29 ти јуни со почеток во 11 часот со зборно место кај црквата Пресвета Богородица во центарот на главниот град.
Прес конференцијата ја водеша отец Ивица Тодоров кој ги образложи целите на овој граѓански собир организиран од повеќе граѓански организации…
Го организираме овој граѓански верски настан, под наслов Сведоштво за семејството, овој настан треба да се одржи на 29 јуни 2019 година. Ги повикуваме сите оние кон ги споделуваат овие вредности кои ги споделуваме и ние, а тоа е грижата за потребата да се заштити вистинското, природното и традиционалното разбирање на тоа што е брак и што семејство и во тој контекст што е брак и што е пол,
изјави Отец Тодоров на денешната пред конференција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот