Граѓаните на Свети Николе наголемо се подготвуваат за чествувањето на големиот христијански православен празник посетен на Св. Николај.
Култот на Светиот Никола Чудотворец помеѓу народот во целокупниот источен регион и како и во Свети Николе е еден од најраспространетите и најпочитуваните. Од памтивек помеѓу нашиот народ се негува верувањето во “Православниот Дедо Мраз” што е своевиден пандан на светски распространетиот и крајно искомерцијализиран лик на Дедо Мраз од Северниот пол.
Но според верувањето на локалното население кое се подудара во целост со целокупниот православен свет, Дедо Мраз навистина постоел во ликот и делото на Св. Никола Чудотворец.
Приказната за Св. Никола од Ликеја кој бил син единец на мајка си и татка си кои биле богати луѓе што уште од мал го учеле својот син на величествената големина на Божјиот збор и правењето добрина за народот и ден денес може да се сретне помеѓу повозрасните жители на Делчево особено во руралните места.
НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА…
Знаењето на духовноста на Божјата промисла младиот Никола ја стекнал од својот чичко Николај кој бил Епископ во градот каде живееле со семејството.

Фото 1: ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА ВО СЕЛО ВИРЧЕ, ДЕЛЧЕВСКО СНИМЕНА 11.06.2008 година

ФОТО 2: ФРЕСКИ НА СВ. НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ И БОЖЈАТА МАЈКА ОД ЦРКВАТА “СВ. НИКОЛА” ВО СЕЛО ВИРЧЕ, ДЕЛЧЕВСКО
По смртта на неговите родители, во духот на Божјото милосрдие Св. Никола го разделил целиот свој имот и се што поседувал на своите сожители. За своето милосрдие тој не бараше никакви признанија туку напротив ги криеше ваквите свои дела. Но легендата беше родена помеѓу неговиот народ и беше подготвена да го преплави сиот свет. Надалеку се слушнал зборот за милосрдието на Св. Никола кому божествените својства не му беа туѓи уште во текот на неговиот живот. Верниците во неговата Божественост се молеле за негова помош а тој им доаѓал дури и на сон и им помагал, покрај помошта која им ја дарувал во личните конткти. Неговиот лик бил толку светол што наликувал на ликот на самиот Мојсеј, а народот само со гледање на неговиот лик веќе биле обземано со мир, благосостојба на духот и добра волја. Св. Никола исто така бил голем поборник за правдата.
По кратко боледување се упокоил во Бога во 343 година од н.е.
Во цела источна Македонија голем број на граѓаните го носат името на Св. Никола кои секоја година го празнуваат овој ден посветен на големиот светител како свој именден. Постојат семејства како и секаде во православието кои го празнуваат овој светец како свој заштитник и чествуваат во вид на свој семеен празник и слава.
Општина Свети Николе по повод одбележувањето на овој праник приредува богата празнична програма за своите граѓани, за негување на традициите и слава на името Божјо во духот на таа традиција и заедништво.

“Како и секоја година и овој 19 декември Македонската Православна Црква го празнува празникот “Св. Николај” Општина Свети Николе со голема чест и радост Ве поканува на заедничко одбележување на најголемиот празник на нашата општина – Свети Николај, нашиот патрон и духовен заштитник.
Овој ден е длабоко вкоренет во нашата традиција, вера и идентитет. Претставува симбол на хуманост, добрина и заедништво – вредности што ги поврзуваат генерациите и го градат духот на нашата општина.
Да се собереме сите заедно – граѓани, семејства, пријатели – и со достоинство да го чествуваме ликот и делото на Свети Николај. Да го споделиме празничниот дух, да ја почитуваме традицијата и да ја покажеме нашата заедничка љубов кон Свети Николе.
Ве повикуваме да бидете дел од овие свечености и да го прославиме празникот со мир, радост и благослов за подобри денови за сите нас.”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на општина Свети Николе


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број на прекршоци, честитки до граѓаните за почитувањето на сообраќајните правила
Миинистерот Љутков ја презентираше Националната програма за култура за 2026 година
Бојан Маричиќ даде заклетва на својата нова функција