БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Позитивниот импакт кој што го има боречкиот спорт на локално ниво во општина Карбинци успешно се рефлектира на пошироко ниво во национални рамки.

Макотрпна повеќегодишна работа во континуитет наназад носи убави резултати за боречкиот клуб “Киро Ристов” кој што на највисоко државно ниво го афирмира спортот и потенцијалите на општина Карбинци.

Ваквата посветена и успешна работа е препознаена од општинската локална власт предводена од Градоначалникот Виктор Пауновкој што дееска имаше прием на членовите на клубот кои што со гордост ги афирмираат и бранат боите на општината.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Денес имав чест во мојот кабинет да ги примам борачите и раководството од боречкиот клуб ,,Киро Ристов” од Карбинци по повод резултатите од државното првенство во борење.

Прво место 🥇 во борење во јуниорска категорија во женско борење и освоени вкупно девет медали е историски успех за еден млад клуб како ,,БК Киро Ристов”.

Општина Карбинци ќе продолжи и понатаму да и биде целосна поддршка на сите спортски афирматори во општината! 👏

-напиша на социјалните мрежи во врска со овој состанок со борачите од боречкиот клуб “Киро Ристов” градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace