БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во тек е широка акција за чистење на јавните површини во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Определбите за беспрекорно чиста и репрезентативна животна средина на градоначалникот во Македонска Каменица Димче Атанасовски добиваат своја конкретна реализација на терен.

Деновиве вработени на јавното претпријатие “Камена Река” од Македонска Каменица од оделот за одржување на јавна чистота и уредување на градското зеленило активно работат на терен во расчистување на повеќе локации не само во градот туку и во селските населени места.

На тој начин покрај чистењето на површините вработените на претпријатието влијаат на подигање на јавната свест за расфрлање на комунален смет од страна на досега несовесните граѓани, истите појави да се минимизираат и сузбијат до максимум.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Животната средина во која сите заедно живееме треба да биде чувана од секој еден поединец, почнувајки со секојдневни навики за соодветен третман на сопствениот отпад, па потоа на ниво на институции.

“Вработените во ЈП Камена Река задолжени за одржување на јавната чистота и уредување на градското зеленило, продолжуваат со спроведување на работни активности за чистење на сите јавни површини во општина Македонска Каменица.

Утрово, беа чистени јавните простори во приградската населба Сарафско маало, детското игралиште во тој дел од градот и западниот влез во Македонска Каменица.

Акцијата, според временските услови, ќе ја продолжиме и во наредниот период, со чистење на сите јавни простори во централното урбано подрачје и периферните делови на Македонска Каменица.

-информираа од ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace