Дополнителниот заменик министер во техничката влада Цветан Трипуновски на социјалните мрежи сподели дел од топ проектите кои што се застапени во новата предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Станува збор за понуда на досега најголема финансиска поддршка за Македонските земјоделци во износ од 800 милиони евра во рамки на претстојниот мандат, како и за обнова на сите водоснабдителни системи кои што се под ингеренции на ресорот земјоделие, шумарство и водостопансто. Исто така во програмата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ стои дека ќе има гарантиран откуп како и загарантирана цена за земјоделските производи со што значлително ќе се подобри стандардот на оваа голема категорија на граѓани во Македонија.
“Платформа 1198, луѓето на прво место!
€800 милиони за македонското земјоделство
Обнова на сите водоснабдителни системи
ВМРО-ДПМНЕ вистински се грижи за македонските земјоделци, тие ќе имаат вистински партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец!”
-напиша на социјалните мрежи Цветан Трипуновски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене