Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати своја честитка п повод празникот на граѓаните од муслиманска вероисповест Рамазан Бајрам:
“По завршувањето на вчерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака на сите муслимански верници среќен Рамазан Бајрам и им посака здравје, среќа и бериќет.
„Штотуку завршивме со последниот настан денеска, а тоа беше еден спектакуларен, фантастичен, полн со емоции митинг во Куманово. Град во кој што има различни етнички заедници, но сите тие без разлика на својата различност се обединети околу една цел, а тоа е желбата за промени“, истакна Мицкоски.
Во своето обраќање Мицкоски порача – „Ја користам оваа прилика на муслиманските верници да им го честитам големиот празник, Рамазан Бајрам. Да им посакам здравје, среќа и бериќет ним и на нивните семејства. Истото тоа го посакувам и на сите граѓани во Македонија“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посака да е вечна, бериќетна и просперитетна Македонија.”
-стои во честитката упатена во јавноста од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните