Околу сто садници од лешници и земјоделска површина од 2.000 метри квадратни изгореа во пожар во Вевчани. – изјавија денес од СВР Охрид. Според информацијата, пожарот се случил вчера околу 11 часот во местото „Суво поле“ во Вевчани, а пожарот целосно изгорел една парцела со насадите од лешни и земјоделска површина. Пожарот бил локализиран, а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене