БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Соколов: Дебата помеѓу државник со силна грижа за Македонија и македонскиот народ и џамбаз кој без тронка грижа на совест брани нешто што не се брани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов во свој препознатлив стил дава свој коментар во однос на синоќешниот дуел на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Премиерот Зоран Заев:

-Синоќешниот дуел помеѓу Мицкоски и Заев заврши очекувано со еден и единствен заклучок.

Дебата помеѓу државник со силна грижа за својата татковина Македонија и својот македонски народ и џамбаз кој без тронка грижа на совест се обидува да одбрани нешто што не се брани. А како може човек да одбрани една гомила на антинационални и антидржавни постапки кои Зоран Заев ни ги приредува две години без прекин.

Мицкоски покажа дека е човек кој кога ќе застане на чело на државата ќе биде браник за татковината, човек што ќе го цени минатото, ќе работи за иднината и ќе работи исклучиво согласно закон и никако поинаку.

Македонија има потреба од лидер кој знае во која насока треба да ја движи земјата за доброто на нејзините граѓани, Христијан Мицкоски е таков лидер,

-анализира Иван Соколов.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace