Опозицијата (што значи, ВМРО – ДПМНЕ) свечено објави дека бил постигнат гооолем, многу гооолем успех. Големиот успех бил во тоа што Зоран Заев се согласил (ако се согласил!) на вонредни избори и тоа на цееели (внимавајте, цееели!) два месеца пред редовните парламентарни избори. Значи, дури во октомври 2020 година.
Дека некој се обидува да се мајтапи со македонскиот народ е повеќе од јасно. Само што не води сметка дека македонскиот народ не е мајтап народ и дека тешко, многу тешко, ќе прифати мајтапење од чија од било страна.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Известување за зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
Двајца патници испаднале од автобус во Свети Николе
ЕБОР и ЕУ го зајакнуваат пристапот до финансирање на жените и младите претприемачи во Македонија