БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Превентивна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Карбинци за работниците изложени на тропските горештини

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Членови на општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци денеска реализираа превентивна акција за заштита на здфравјето на работничките и работниците и останати граѓани кои се изложени на тропските горештини.

Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци поделија ладна вода на минувачите во шпиц часовите кога работниците и работничките ги напуштаат своите работни места и мораат пеш на горештините да заминат дома од работното место.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Карбинци, Христијан Симов преку нашата редакција упати апел до своите врсници ширум државата да се заложат за подигање на свеста за превенција од негативното влијание на топлотниот удар помеѓу населението во Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Истовремено упати апел кон целата јавност за обрнување на поголемо внимание за здравјето на работниците и работните услови во трудово екстензивните дејности во Карбинци но и пошироко.

Акцијата беше спроведена во соработка со неговите другари-сопартијци а заедно во придружба со Претседателот на Општинскиот Комитет Виктор Паунов.

Креирано од:


Пренеси го гласот