Од 27 до 29 август на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи 12-тото издание на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball”.
Натпреварите од турнирот ќа започнат на 27 август (вторник) во 18 часот, а покрај главниот дел во кој екипите ќе се натпреваруваат во три конкуренции (машка – сениорска конкуренција, машка – јуниорска конкуренција /под 16 години и женска конкуренција), ќе бидат организирани и натпревари во шутирање на тројки и слободни фрлања.
Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Наградниот фонд изнесува 40.000 денари, од кои покрај наградите за најдобро пласираните три екипи на турнирот, за прв пат ќе биде доделена награда и за надобриот играч на истиот.
Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 072/320-842 и 078/484-953, најдоцна до 27 август (вторник).

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!