На секоја борба против лажни вести мора да и претходи битка за вистината за финансирање на медиумите. За начинот на кој УСАИД, ЕУ, Амбасада на Пломп итн. решаваат да даваат фондови, критериумите за поделба и зошто тие фондови се речиси хередитарно наменети за исти кругови.
Во спротивно се наметнува прашањето зошто медиумите финансирани од наведените се сметаат за “веродостојни” додека пак оние од Орбан или Ердоган за “пропагандистички”? За читателот, во крајна линија, и двата пристапа се пропагандистички. Првите нема да напишат збор критика за ЕУ, САД, Холандија, вторите исто така за Унгарија или Турција.
Затоа, да повторам, ние имаме лажни новинари завиени во знамиња на ЕУ и САД, чии уредници се Амбасадори, Комесари, Премиер. Единствените медиуми во МК кои беа асли медиуми беа А1 и Фокус (некогашен). Не затоа што имаа добри новинари, туку одлични и независни менаџери, Рамковски и Младенов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија