БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претседателот на СДСМ Штип, Кангалов генерира лажни вести па потоа ги бриша- обвини пратеникот Никола Мицевски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот на Република Македонија Никола Мицевски со свое соопштение до јавноста реагира на постапката на Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Штип со која според пратеникот Мицевски, Александар Кангалов објавил најпрво лажна информација на својот фејсбук профил па потоа истата ја избришал.

Објавата на Кангалов се однесувала на гласањето на Законот за минимална плата во Собранието за кој тој објавил дека пратениците не гласале.

На тоа Мицевски реагираше на фејсбук:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Зошто претседателот на Сдсм Штип Aleksandar Kangalov , го избриша постот од неговиот профил кој што беше преземан од страната на Сдсм Штип?
Вака ли ке се борите со лажните вести?
Вие ги генерирате лажните вести.
Да биде иронијата поголема, Владата формира “тело за борба со лажни вести”, сами со себе ли ке се борите 🤣🤣🤣
На лагата и се кратки нозете Александар.
#Блескате

по што Мицевски дополнително упати соопштение до јавноста:

Како координатор на пратничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, ја информирам јавноста дека мегафоните на СДС уште еднаш докажаа со какви лаги и измами ја трујат јавноста. Имено, во текот на вчерашниот ден, Претседателот на ОО СДС Штип, господинот Александар Кангалов, објави лажна вест во која наведува дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале за усвојување на Законот за минимална плата. Се разбира, оваа вест е лажна, поради тоа што не само што пратениците од нашата партија гласаа за законот, туку доколку не беа присутни на седницата, истиот тој закон немаше да биде донесен.

Од друга страна пак, на иницијатива на СДС е креиран Акциски план за борба против дезинформации, кој меѓу другото, предвидува и санкции против спинување на информациите и ширењето на лажни вести. Меѓутоа, во паника и за да „ќарат“ дневни политички поени, локалните властодршци ја замајуваат јавноста со невистини, измами и манипулации. Со оглед на тоа што господинот Кангалов вчера објави лажна вест, а потоа ја повлече од својот Facebook профил, најмалку што може да направи е јавно да се извини за измислената сторија.

Во продолжение го пренесуваме обраќањето на Никола Мицевски од говорницата на Македонскиот парламент во врска со расправата за носењето на Законот за минимална плата:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace