БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

До крај на годината задолжително да се исплати К-15

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До крај на календарската година задолжителна е исплата на регрес за годишен одмор за сите вработени во приватниот сектор.

Според постојното законско решение приватните компании задолжително мора на сметката на своите вработени да исплатат регрес за годишен одмор- популарно наречен К-15, до 31 декемри за минатата година.

Минималниот износ кој што е дефиниран како 40% од просечната нето плата во државата во последните 3 месеци или максимум 40% од исплатената бруто плата, изнесува минимум 10.170 денари или максимум 14.920 денари- износ кој треба да легне на сметката на работниците во приватниот сектор.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквото законско решение е утврдено согласно општиот колективен договор од 2013-та година како право за регрес за годишен одмор за работниците во приватниот сектор.

Вработените во администрацијата се изземени од ваквото решение што на некој начин создава нерамномерна положба за овие работници во државата, што секако како пракса во иднина треба да се менува.

Креирано од:


Пренеси го гласот