БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Штетни договори надвор од очите на јавноста станаа препознатлив белег на оваа власт

Пренеси го гласот

Договорите склучени далеку од очите на јавноста од страна на властите по различни основи станаа секојдневие на Зоран Заев и неговите министри и раководните структури. Штетноста на ваквите договори ќе се рефлектира подолги години во иднина со што државата нема да може да се одлепи од нивото на уназаденост нподолг период.

Денеска од ВМРО-ДПМНЕ алармираа за уште еден таков штетен договор кој што највисоките владини фунцкионери го потпишаа во износ од 72 милиони евра.

Дополнително нетранспарентноста на видот и количината на услугите кои ќе ги добијат граѓаните за овој износ на пари додава уште поголема доза на проблематичност во целата постапка.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој ја алармираше јавноста од поодамна за ваквата појава во Владата:

“Владата на СДСМ во заминување, крајно нетранспарентно, далеку од очите на јавноста, склучи штетен договор кој ќе ги чини граѓаните 72 милиони евра, рече на денешната прес-конференција, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Зоран Заев и Драги Рашковски се согласија 72 милиони евра пари на граѓаните да се прелеат на сметка на приватна фирма без да се знае кои се услуги кои ќе ги добијат и на кој начин ќе бидат наплаќани средствата од договорот. Како што скандалозно и нетранспарентно ја отпочнаа аферата за формирање хеликоптерски итен медицински систем, така скандалозно и во најголема аферата продолжува со потпишување на договор. Никој ниту соопшти што содржи договорот, ниту се обиде да одговори на дилемите и сомнежите поврзани со авантурата на Заев и Рашковски. Единствено што јавноста виде, е скандалозна физибилити студија која беше полна со апсурди и нелогичности, изработена од лице кое што не е воопшто упатено во проблематиката, истакна Јанушев.

Власта не кажува кои услуги ги добиваат граѓаните на Република Македонија за 72 милиони евра колку што ќе одвои државата!? Прашува Јанушев.

-Кои се обврските кои САРХЕМС ги има кон државата и корисниците на услугите? Колку часови летање се покриени со парите кои ги дава државата, и колку изнесува цената за еден час прелет!? Дали приватниот партнер одбран од Заев и Рашковски ќе наплаќа процент од патарините или од авионските карти и прелетите? Дали на приватниот партнер одбран од Заев и Рашковски ќе му бидат отстапени капацитетите за сместување на хеликоптерите? Зошто кога државата плаќа 72 милиони евра, треба на фирмата да и се стави на располагање пилоти од војската и полицијата, со што се ослабнува капацитетот на безбедносните структури!? Постои сериозен сомнеж дека со договорот се нанесува огромна штета на државниот буџет односно на буџетите на јавните претпријатија од каде ќе биде наплаќано.  Бараме ЈО да отвори истрага за случајот бидејќи се сомневаме дека сето ова се прави и заради нечиј личен интерес, потенцираше Јанушев.

По промената на власта по 12-ти април овој договор ќе биде преиспитан,  сите лица кои биле инволвирани и за кои ќе се обезбедат докази дека сториле противзаконски дејствија ќе одговараат согласно закон.”

Креирано од:


Пренеси го гласот