Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, од страна на Претседателот на опозиционата партија Христијан Мицкоски е назначен за т.н. Технички Министер во Техничката влада која треба да ги спроведе претстојните Предвремени Парламентарни избори на 12 Април.
Тој попладнево со првична реакција од назначувањето се одзва во јавноста преку која упати повеќе пораки во однос на својот иден ангажман.
Неговото соопштение во јавност го пренесуваме во целост:
“Најпрвин сакам да се заблагодарам на довербата на претседателот Hristijan Mickoski за предлогот за заменски технички министер за земјоделие во владата за спроведување на предвремените парламентарни избори во април 2020 година. Огромна чест и одговорност е да се служи на народот, особено на земјоделците.
Во периодот пред нас до 12 април нема да ветувам чуда. Но ќе ветам посветеност и работа за секој земјоделец во Македонија.
Штетите кои Љупчо Николовски и Трајан Димковски ги направија во земјоделието се огромни.
1. Се повеќе обработливи површини остануваат необранотени;
2. Младите наместо да се занимаваат со земјоделство тука, заминуваат истото да го работат во странство;
3. Ветува сигурен откуп и високи откупни цени. Ништо од тоа не е случај. Родот завршува на буниште.
4. Имаме неисплатени субвенции од 2017 година;
5. Зелена нафта нема. Има само ваучер од 500 денари, со кој земјоделецот не може да стави нафта да отиде до бензинска, а не пак да направи нешто друго. Трошоците за производство се поголеми од кога било;
6. Проектот млад земјоделец е целосно закочен.
И можам да редам до 1000. Проблемите се безброј. Земјоделецот, напатениот народ на Македонија знае со што се соочува секој ден.
Тука сме за тоа да го смениме. Обновата доаѓа. Од 3 јануари почнуваме со демонтирање на СДСМ. Од 12 април почнуваме со обнова на Македонија.
Уште од 3 јануари. Земјоделците ќе имаат заштитник во мене. Сојузник и човек кој е подготвен да им служи. Да направиме се за силно земјоделство. Се за луѓето кои не хранат! Тие тоа го заслужуваат!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп