БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За Наќе Чулев постои само РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во своето прво обраќање кон Македонската јавност новиот Министер за внатрешни работи во техничката влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, Наќе Чулев кој што е предложен од ВМРО-ДПМНЕ го користеше единствено името Република Македонија за својата земја.

Дополнително во одговор на новинарското прашање тој се заложи за преиспитување на сите незаконски издадени решенија во МВР преку согледување на состојбата и обелоденување во јавност на сите незаконски постапки.

Тој ја истакна важната улога која ја има МВР во контекст на претстојните предвремени парламентарни избори како и зачувување на безбедносната состојба на потребното ниво во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Приоритетна цел во наредниот период на мене како технички министер за внатрешни работи на Република Македонија пред се ќе биде организирање на мирни, фер и демократски избори и за таа цел ќе бидат превземени широк спектар на мерки и активности во насока на превенирање на евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен период ќе бидат во соработка со меѓународни организации  и други државни институции во Република Македонија ќе бидат превземени активности за стабилизација на државата и за заштита на уставниот поредок и безбедност  на граѓаните. Што се однесува до последните  решенија кои се дадени во изминатите три дена вклучително и во текот на  денешниот ден, сметам дека ни треба еден период на согледување на состојбата во Министерството за внатрешни работи и за најмногу за неколку дена ќе излеземе со официјално соопштение во однос на најголем дел незаконски дадени решенија.

-соопшти Наќе Чулев од прес салата во Македонскиот парламент.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace