БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Цветан Трипуновски: Заев е поразен, но неговиот систем треба да се порази на избори

Пренеси го гласот

По изгласувањето на техничката влада задолжена за спроведување на предвремените парламентарни избори на 12 април, на своја прес конференција предложените министри и дополнителни министри во владата на Оливер Спасовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги истакбаа своите заложби во врска со нивниот ангажман во ресорите каде се избрани.

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ кој што е избран за дополнителен заменик министер во МЗШВ вети беспоштедна работа со која што ќе се обезбеди волјата на граѓаните да биде изразена во слободни и фер избори.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата прес конференција:

Нема поголема одговорност од таа да се служи на граѓаните и да се работи за Република Македонија, особено во време кога државата стагнира,  кога назадува и кога е во слепа улица заради сите штетни и погрешни политики. За жал Македонија денес има криминализирано општество, преполно со корупција, недоследности и неправди. Да бидеме искрени, оваа техничка влада не е влада која што ќе направи чуда ниту пак ќе може да ги реши проблемите напластени со години на стагнација, но јас и моите колеги до мене ветуваме беспоштедна работа со која што ќе обезбедиме волјата на граѓаните да биде изразена во слободни и фер избори. Оваа техничка влада има за број еден цел да ја заштити волјата на граѓаните и да овозможи заштита на нивните права и слободи. Денес Зоран Заев повеќе не е премиер, но неговата оставштина на погрешни чекори и политики сеуште владее во земјава.

Добрата вест е што секој еден граѓанин во секој еден од нас може да најде заштитник и борец за неговите права и интереси.

Заев е поразен, но неговиот систем треба да се порази на избори.

Воедно реалноста говори дека во овие моменти се врши масовна партизација во администрацијата, а непотизмот се шири како зараза низ Република Македонија. Илјадници решенија за прераспределба се испечатени во Министерството за внатрешни работи. Деградирани се професионалци на сметка на партиски и политички решенија. 

Наместо професионализација, се прави груба и безобразна партизација. А, Македонија нема повеќе години за трошење на истите работи кои како камен околу вратот и тежат и ја влечат надоле. Потребна е итна борба против криминалот и галопирачката корупција. Мора да престанат притисоците врз земјоделците, да се пресретнат информациите на отворено корумпирање на власта врз гласачите. Потребна е борба против кои се загрозуваат ранливите категории граѓани, борба против безредието и хаосот кој што владее, борба против оние кои поради профитерски причини се во политиката. Од денес влегуваме во институциите и ќе работиме на постигнување на стандарди, за да обезбедиме заштита на волјата на народот и да биде кажана на фер и слободни избори. После 12-ти април доаѓа вистинската обнова во Република Македонија,

-порача дополнителниот заменик министер на МЗШВ.

Креирано од:


Пренеси го гласот