Дополнителната министерка во Министерството за финансии на Република Македонија предложена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на новинарско прашање ја истакна својата улога во работата на министерството и самата влада.
Таа се заложи за работа строго според законските норми а однапред ги осуети сите обиди за поткуп во функција на гласачи од страна на СДСМ и институциите кои беа под нивна контрола во изминатиот период.
Ние од моментот кога ќе влеземе во министерството, ќе почнеме со работа и она за што граѓаните треба да бидат сигурни е фактот дека ниту една исплата нема да оди надвор од рамките на законот. Исто така, се што ќе биде за поткуп на изборни цели ќе биде стопирано. Значи, ќе работиме само во рамки и согласно законот. Ништо надвор од тоа .
-соопшти Гордана Димитриеска Кочоска од говорницата во прес салата на Македонското собрание.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија