БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Разловчанка Македонска: Моите зборови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Експресија на сопственото битисување

Збор и глас, минато и историја, каква поврзаност помеѓу овие поими, непрекинлива врска.

Минатото е утроба во која е сместена иднината, татковината е жена, народот е маж. Јалова жена, без утроба неможе да ги роди децата на својата иднина. Камен околу вратот повеќе нема, нема кој да ти го отежнува патот. Додека се бореше да го достигнеш досегашниот статус… сега кога го достигна незнаеш каде да си го бараш чарето.

Но ќе помине време и ќе свикнеш на околината, на вистината и суштината на бремето. Додека газеше по студен метал знаеше да молчиш како риба, а сега рибата ја пуштија во вода и таа почна водата да ја пие.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Компарација помеѓу две непосредно блиски времиња, кога прво се посакуваше, а сега добивајќи го она што се посакувало само го држиме во раце без да правиме нешто. Ништо! Вака не бива!

Ова модерно време,некој од нас ги претвара во пободници на пасивизмот, но дека е редно да се запрашате и да се запрашаме самите, дали некој од нас не прави нешто повеќе? И дали барем еден од нас не влева надеж повеќе од другите дека сепак ќе се избори? .. И да, на крајот од краиштата секој си е со сопствената среќа, но само тој може да си ја направи поубава.

 Мене пак можете да ми врзете камен околу вратот и фрлете ме во средината на морето, јас пак нема да потонам. Тогаш ќе дојдат многу риби и ќе ја испијат водата и ќе ме спасат.

Моите зборови за некого можеби се мелем, а за некого стрела, за некој утеха, а за друг чума од која ќе бега како луд, но има Еден кој е над сите нас, и гледа, и суди, и знае да пресече онаму каде што е потребно, и зората ја предизвикува да се раздени, и очите да се затворат кога ќе наидат на прашина, и да даде дожд онаму каде што е суша.. и СЕ и Секому, а близу никому.

Тишината сто пати ме натерала да размислувам онака како што другите ретко размислуваат, дека сепак некој оставил нешто  кое го сакам и не го давам никому, ма како сакаат можат да го викаат ! Да за мојата земја зборувам, за онаа земја од која потекнувам, за онаа земја во која јас живеам, за онаа земја во чија што почва ќе лежат и моите коски. Да, за онаа земја која ке го дава лебот и моите деца што ќе го јадат.

Се молат сите за пристоен живот, а што е пристојност никој незнае. Нели е пристојно да можеш да спиеш мирно без да те мачат милионите долари што ги трошиш а не се твои? Нели е пристојно да премолчиш тогаш кога мислиш да излажеш?  Да,пристојно е, но на пристојност не ги научиле родителите на оние кои знаат да кажат дека државата пропаѓа, оние кои растеле во оној век кога, цитирам: се било најдобро и сите се имале . Тоа време одамна помина. Тогаш се било најдобро зашто неможеле да видат нешто  подобро, и имале се затоа што имало да се купи малку и затоа имале пари. Е вака кога би размислил ке сватиш дека сепак, времето во кое сега живееме не прави различни, секој на сопствен начин по тоа што го има или што го нема, но сепак знае да извлече од нас она што е најдобро.

Пишува: Разловчанка Македонска

Името на авторот е познато на редакцијата

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace