“Од денешното прикажување на македонскиот филм “Последниот фалцер” од Младен Крстевски во Женева
Во пријатен и позитивен амбиент , како и што се очекуваше , пред македонската публика во Швајцарија , се продолжи со традицијата на прикажување на познати филмови од наши истакнати режисери и филмски актери.
Една идеја и замисла која се врти со месеци во мислите на самиот актер и режисер, е појдовната точка за реалицијата на овој филм. Навидум реална слика на сегашноста а всушност само апстракција на перцепцијата на авторот.
Благодорност од сите присутни што режисерот и актер господин Младен Крстевски ни ја долови суптилноста на филмската имагинација и нејзиниот однос во реалноста .
Во иднина се очекува понатамошна активна соработка на Македонскиот Национален Совет од Швајцарија со културниот и уметнички бренд од Македонија .”
-Соопштение на Македонскиот национален совет во Швајцарија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!