БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шест актуелни катрени на Васил Маневски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ИЗГУБЕНИ БРОДОЛОМЦИ

Каде ли плови македонскиот брод?
Кормиларите заталкале сред море,
Компасот изгубен, а збунет народ!
За спас молиме само од Господ горе.

РАЗРЕШЕНАТА МИНИСТЕРКА
(На Рашела Мизраки)

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На пратениците, ем на платениците
Ја испрати силната и јасната порака
Преку собраниската и ТВ говорниците
Дека тие се причина на народната мака

ДИПЛОМАТОТ НОМЕР ЕДЕН

Нашиот ни вешт министер надворешен
Од секаде само гледа пари да си лапне
Тој пред татковината и народот е грешен
Ќе избега и овде нема нога да му стапне.

ПРАТЕНИЦИ – ПЛАТЕНИЦИ

Се пазарат како џамбазите на Ат- пазар,
На почетокот, но и на крајот од мандатот.
Кој во тендери, кој во евра или во денар
За идниот мандат си го трасираат патот

БЕЗЗАКОНИЕ

Тие што треба да бранат закон,
Го кршат на секој можен начин !
И како да се воспостави бонтон,
Кога беззаконие од секаде зрачи?

ПАРЛАМЕНТАРЕН РЕЗИЛ

Пред ТВ аудиториумот прават смеа
Обвинувајќи се дека и лажат и крадат.
Ах, што луѓе тоа пратениците ќе беа
Меѓу себе како бесни кучиња се јадат.

Пишува: Васил МАНЕВСКИ

Креирано од:


Пренеси го гласот