Актерот Макс Фон Сидоу кој што на најмладата публика им е познат по улогата на Триокиот гавран во HBO серијата “Игра на тронови” како и на генерации на филмски фанови наназад во филмската историја преку филмовите “Егзорцист”, “Флеш Гордон”, “Војна на ѕвездите: Будење на силата”, “Седмиот печат”, “Малцински извештај”, “OO7: Никогаш не вели никогаш”, почина денеска на 90 годишна возраст.
Тој како актер беше двапати номиниран на највисоката филмска награда на Американската академија за филм- Оскарите а ја имаше таа чест дури 11 пати да снима со легендарниот шведски режисер Ингмар Бергман.



Една од највпечатливите сцени во филмската индустрија е сцената кога Макс Фон Сидоу игра партија шах со смртта во филмот “Седмиот печат”.

За оваа последнава партија шах со смртта актерот ја изгуби но ќе остане негивото дело да биде светол патоказ и магија за сите идни генерации како легендарен актер кој остави значителен допринос во филмската индустрија како и воопшто во животот на фановите.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените