Од општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Делчево преку свое соопштение до јавноста го најавија досега најсилниот обединет фронт кој ќе се спротивстави на актуелната власт на Зоран Заев во најважната битка која е од суштинско значење за подобра иднина на Делчево и државата.
Во прилог на соопштението од опозициската партија во Делчево ја споделија првата фотографија во јавност од двајцата кандидати за пратеници од Делчево заедно со Претседателот на Општинскиот комитет Горанчо Тодоровски од вечерашнава партиска конвензија за промоција на кандидатските листи за пратеници.
Во продолжение изворно го пренесуваме нивната реакција упатена до јавноста преку социјалните мрежи:
“Заедно обединети и единствени како никогаш досега влегуваме во една голема битка важна за идните генерации и подобра иднина.Ние ветуваме чесна и искрена борба за да го вратиме достоинството на Македонскиот народ на вистинската страна.Слободата е близу одиме на голема и сигурна победа,победа за Македонија ! #ОбноватаДоаѓа#ПобедничкоДелчево#ПобедаЗаМакедонија“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево