На интернет апликацијата на Државната изборна комисија преку која можат да се пријавуваат Македонци за гласање во странсто во државните конзуларни претставништва на претстојнитие избори досега евидентирани се над 7100 пријавени гласачи.
Ова е огромен успех за Македонската дијаспора која за многу краток временски период со многу проблеми успеа да ги мобилизира своите ресурси и да се пријават овие Македонци за гласање. Согласно постојната законска регулатива од дијаспората може да се кандидираат 3-јца претставници кои што можат да влезат во Македонскиот парламент зависно од изборен праг дефиниран од излезеноста како и најмалиот број на потребни гласачи од претходните парламентарни избори.
Оваа акција на Македонската дијаспора координирана од Глобалната координативна мрежа на Македонците во светот и Координативното тело на Македонците во Европа и Организацијата Обединети Македонци од Канада е значајна од повеќе аспекти, но најзначајно е тоа што Македонците кои живеат насекаде низ светот, не остануваат имуни на политичките случувања во Република Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Огромен успех на Македонската дипломатија” Стигна потврда од ООН
Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа.
Амфенол технолоџи Македонија организира екоакција по повод Светскиот ден за заштита на животната средина во Кочани