Во едно друго време, во едно друго место научив бесценета лекција:
„Стравот убива повеќе од било кој друг непријател!“
Почитувани,
Ние, луѓето, сме најмоќниот вид на планетава. Не затоа што сме физички најсилни, не затоа што сме најбрзи, туку поради нашата свесност, рационалност, логичност и мудрост. Нашиот ум е нашето тајно оружје. Најсилното оружје кое го имаме во моментов.
Втората голема лекција беше:
„Тимот преживува, личноста е лесно поразена без тимот!“
Со години, со децении индивидуализмот земаше замав како мода, се рушеа семејните и општествените вредности, умре моралот и етиката, се гасеше чувството на колективност, се градеа генерации кои беа самодоживеани како мали земни богови, не грижејќи се за никој освен за самите себе.
Сограѓани,
Ова се моменти кога човештвото МОРА да биде ЧОВЕШТВО!
Бидете смирени и рационални.
Сериозно спроведувајте ги препораките, за да се затштитите себе си, но и вашите најблиски, комшиите, пријателите…сите во нашата Македонија.
Јавете се кај вашите пријатели и роднини кои живеаат надвор од Македонија и дајте им поддршка!
Ова е тест за човештвото!
Бидете ми живи и здрави!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ана Симонова: ОЦЕНКАТА НЕ СЕ НАСЛЕДУВА. ЗНАЕЊЕТО СЕ СТЕКНУВА
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Ијан Мекјуан и кожата на маса