Професорката Тања Каракамишева со своја реакција упатена во јавноста ги критикува предложените мерки како и начинот на кој тие се соопштени од страна на Зоран Заев во својство на претседател на СДСМ.
Нејзината реакција ја пренесуваме во целост во продолжение:
“Не знам за вас ама јас сум сериозно загрижена со предлог мерките на Заев кои најверојатно ќе бидат прифатени од владата.
На сите вработени во јавниот сектор без разлика дали се судии, наставници, службеници, итн. освен на докторите, полицијата и армијата, ќе им се спушти платата на минимум во износ од 14.500 денари без разлика на работен стаж, работно искуство, ниво на образование, итн.
Со Сталинистичка урамниловка во следните два месеца Заев предлага сите да примаме минимална плата од 14.500 денари.
Во меѓувреме, кога го соопштува ова, никаде го нема него или некој од владата да и објасни на јавноста каде отидоа 3.6 милијарди од буџетот на државата, и второ, каде и како ќе ги трошат дополнителните 600 милиони евра што се спремаат да ги земат во форма на заем.
Се работи за вкупно 4 МИЛИЈАРДИ И 200 МИЛИОНИ ЕВРА пари за кои никој не кажува со КОНКРЕТЕН ПЛАН И КОНКРЕТНИ НАМЕНИ каде и како ќе се трошат или како се потрошиле парите.
Одговор на овие прашања треба да бараме СИТЕ, не само јас.
ФРАПАНТНА Е СУМАТА, КАДЕ СЕ 4 МИЛИЈАРДИ И 200 МИЛИОНИ ЕВРА?
ИМА ЛИ НЕКОЈ НОРМАЛЕН ДА ОБЈАСНИ???”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Секој студент ќе добие ваучер од 15.300,00 денари за купување на компјутер. Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа закон
Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
Перински: Македонија и Унгарија ја продлабочуваат соработката во два клучни сегменти, регионален развој и локална самоуправа