Проблемите со обезбедување на вода за пиење во маалата Софинци и Саихци во селото Драгобраште во Виница ден денеска се неразјаснета енигма за самите жители но уште повеќе за пошироката Македонска и светска јавност.
Во овој налет на европски вредности, каде што пред граница стојат во државата да влезат голем број инвеститори, овие жители се присилени да размислуваат дали ќе имаат вода за пиење за наредниот ден.
За ваквиот проблем во јавноста реагираа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница:
“Влеговме веќе во 3-та деценија на 21-ви век, а селата во општина Виница не само што немаат чиста вода за пиење туку немаат ниту техничка вода!
Маалата Софинци и Саихци во с.Драгобраште веќе 5 дена се оставени без вода!
#БарамеВеднашДаСеОбезбедиЗдраваВодаЗаПиење
#ЧистаВодаЗаСите
#ФилтерСтаницатаВоТрсиноДалиРаботи“
-напишаа на фејсбук од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, споделувајки фотографија од актуелниот градоначалник Ивица Димитров кој како претседател на Општинската организација на СДСМ на Виница во 2016 година ветува дека ќе го надмине овој проблем.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево