Погрешната и штетна кадрова политика на Радмила Шеќеринска во Министерството за одбрана ја доведува кредибилноста на МАкедонија на меѓународен план во однос со партнерите во НАТО Алијансата. Втор пат по ред Шеќеринска испратила претставник на Македонија во НАТО и истиот бил вратен назад од страна на телата на НАТО Алијансата.
За оваа погубна пракса во јавноста алармираше Драган Ковачки кој прашува дали ваквата бламажа на Шеќеринска била случајна или не.
“@Sekerinska номинирала и испратила одбранбен претставник во НАТО. Таму работел година дена (!) Минатиот месец ни го вратиле, најверојатно му го одбиле пристапот до класифицирани информации.
*Втор случај на јавна бламажа на државата од овој тип. Случајно?”
-напиша на твитер членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Македонецот сака брзи пари, ама не и брзање на работа
Ана Симонова со свој коментар за одредени аспекти во врска со брзите кредити и казината
Либерално-опозициски “ваздуси” се борат против тоа што најмногу ги боли: Општественото сочуство, милосрдие и заедништво на заедницата за нив е перверзија и предмет за исмевање