БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Либерално-опозициски “ваздуси” се борат против тоа што најмногу ги боли: Општественото сочуство, милосрдие и заедништво на заедницата за нив е перверзија и предмет за исмевање

Пренеси го гласот

Речиси сите либерални, про-социјалистички левичарски и про-опозициски медиуми изминатите неколку денови проширија една навидум мала и обична вест:

Пожарникарите од ТППЕ Делчево добија донација од шест столови, со кои што гордо позираа пред просториите на единицата, со текст во кој се заблагодаруваат кон донаторот и искажуваат надеж и верба дека и во иднина ваквата пракса се надеваат да продолжи.

“Територијалната противпожарна единица – Делчево упатува благодарност до општествено одговорната компанија „Алпин Ком“ за обезбедените столови, со кои се унапредуваат условите за дежурство и престој на пожарникарите.

Оваа соработка претставува позитивен пример за поддршка на локалните институции и подобрување на условите за работа.

Како единица, остануваме посветени и во иднина континуирано да ги подобруваме условите за престој и работа во единицата, како и да вложуваме во современа опрема и средства за поефикасно справување со пожари и други видови интервенции.”

-напишаа од официјалната страница на ТППЕ Делчево на фејсбук.

Оваа информација како и фотографијата од објавата со ликовите на пожарникарите беше злоупотребена од страна на неколку про-опозициски, либерални, социјалистичко-левичарски мегафони на начин својствен единствено на нивната покварена идеолошка матрица за ширење раздор, исмевање на вредности кои што се карактеристични за Македонскиот народ: соживот, сочуство, меѓусебна поддршка и соработка.

Во продолжение само еден пример од ваквата пропагандна либерална булумента:

Ваквите манипулации во чија основа стојат деструктивни хушкања на јавноста со цел за исмевање на фактот што некој приватен субјект донирал материјални сретства за луѓето кои го ставаат својот живот на располагање за заштита на јавното добро не е безопасна комична епизода!

Ваквите сценарија за јавна хајка против пожарникарите во Делчево е удар врз институционалноста на државата, на системот за превенција, заштита и спасување, обид за исмевање на луѓето кои својата безбедност и здравје ја ставаат во функција на заштита на својот народ и имоти.

Овој чин за обид за дискредитација на делчевските пожарникари на кој што подлегнуваат секакви сеирџии и “ваздуци” на социјалните мрежи кои немаат поим што значи донација во животот, е во најмала мера противдржавен удар за безбедноста на делчевчани.

Некои од ваквите појави на социјалните мрежи се резултат на наивна и лекомислена идеја за забава и потсмев, но во суштина оваа хајка кон пожарникарите на фотографијата е удар по основните вредности на човекковата суштина и постоење кои се одлика за заедницата во Длечево: меѓусебно милосрдие, толеранција, хармонија и соработка.

Затоа ваквите испади на либералниот олош на социјалните мрежи позади кој стои негаторски порив за бришење на Македонските идентитетски вредности, во секоја смисла треба да бидат осудени и отфрлени како штетни.

Пожарникарите на фотографијата имаат за право да ги тужат сите оние кои се обидоа да ги исмеваат јавно нив самите, што го исмеваат правниот субјект кој ја направил најдобронамено донацијата и што се обидуваат со манипулации, конструкции и лаги да го нарушат угледот на ТППЕ Делчево во пошироката јавност.

ТППЕ Делчево не е политички субјект!

ТППЕ Делчево е институција која стои во темелот на постоењето на ЕЛС Делчево, која секојдневно се бори да ги заштити делчевчани од било какви закани, а истовремено пожарникарите од ТППЕ Делчево активно учествуваат во секакви акции за подобрување на јавната, чистота, безбедност и слично во рамки на нивните можности без било какви ограничувања.

Граѓаните на Делчево знаат дека ТППЕ Делчево е најважната и најпопуларната делчевска локална институција и како таква оваа единица ужива во оправдано висок углед кај граѓаните.

Никаков либерален шлајм не може да го наруши тој углед, затоа што овие луѓе во ТППЕ Делчево се луѓе од народот, кои постојат единствено заради народот.

И ДА! И во иднина ќе бидат добредојдени сите донации за оваа единица, кои во изминатиот период ги имаше многу, а веројатно ќе ги има и во иднина. Па сите кои го исмеваа фактот дека ТППЕ Делчево добиле донација од 6 столици ќе можат на дело да покажат што тие ќе донираат за оваа јавна институција, со надеж истата да има што е можноо помалку работа во пракса.

ТППЕ Делчево под раководство на командирот Сашко Поповски и покрај затекнатата состојба во целокупното свое работење, многу успешно се справува со сите предизвици, многу подобро од соседни поголеми територијални противпожарни единици.

Оваа единица е една од најподготвените противпожарни единици во источна Македонија, која спасува имоти и животи во различни ситуации на огромна територијална покриеност.

И покрај релативно добрите услови и опременост на оваа единица, благодарноста на заедницата во Делчево е на највисоко ниво, со што таа заедница тоа го покажува на разно-разен начин преку најразлични донации, кои вредат да бидат афирмирани во јавност, во духот на благодарноста…. Благодарност за која многумина либерално соц-комунистички орди немаат поим дека постои и дека треба да се афирмира.

Почитувани припадници на ТППЕ Делчево: ВИЕ СТЕ ГОРДОСТ, СРЦЕ И ЕМОЦИЈА ЗА ДЕЛЧЕВО И ДЕЛЧЕВЧАНИ И НИЕДНА ЛИБЕРАЛНА ШТЕТОЧИНА НЕ МОЖЕ ДА ГО ДИРНЕ ВАШИОТ УГЛЕД И КРЕДИБИЛИТЕТ КОЈ ШТО ГО ИМАТЕ ИЗГРАДЕНО СО СВОЈАТА РАБОТА. ПРОДОЛЖЕТЕ ТАКА, ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНИЈА СЕ ГОРДИ СО СИТЕ ВАШИ ПОСТАПКИ ВО ИНТЕРЕС НА ЗАЕДНИЦАТА. А донациите се одлика на големите по дух луѓе. Оние што не знаат да ценат донација во редовите на оние кои што ве напаѓаат, немаат донирано ни тоалет хартија некаде за да го почуствуваат значењето на тој чин и симболиката на пораката која една донација ја упатува.

ПС. За објаснување на терминот “ваздуси” редакцијата на Брегалнички портал стои на располагање за објаснување за било која заинтересирана страна која не е упатена во делчевската дијактологија, традиција и пракса.

Креирано од:


Пренеси го гласот